Press "Enter" to skip to content

М-р Јове Парговски и д-р Ирена Ружин на меѓународен вебинар „Иновации во инклузијата, мали чекори кон големи музеи”

Во организација на Балканска музејска мрежа беше организиран меѓународен вебинар „Иновации во инклузијата, мали чекори кон големи музеи”на кој учество зедоа  50 учесници, од 31 град и три континенти. На овој меѓународен  вебинар учество зедоа м-р Јове Парговски и д-р Ирена Ружин, од НУ Завод и Музеј од Битола, со свои излагања на тема „Имплементација на ефективни и исплатливи дигитални решенија за подобрување на искуството на посетителите”, осврнувајќи се на искуството со проектите за пристапност на НУ Завод и музеј Битола во минатите години, како и новите решенија.

М-р Јове Парговски автор на концепт и тактилни слики  изјави дека вебинарот е дел од проектот „Да ги направиме музеите на Балканот попристапни за лицата со попреченост“ што е финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград преку  Програмата за мали грантови на алумни.-Го споделивме нашето искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.

Д-р Ирена Ружин – раководител на проект изјави:

-Наша цел е да го промовираме нашето богато културно наследство преку тактилните изложби, работилници, онлајн обуки и вебинари со став дека музеите се за сите“.

НУ Завод и музеј Битола продолжува да ја докажува моќта на музеите преку иновативен пристап до музејот и недвижното културно наследство од Битола, за лицата со попреченост.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »