Press "Enter" to skip to content

На Конвенција на Лајонс членовите во Хрватска, се збратимија Лајонс клубот Битола и клубот од Шибеник (фото)

Од 27 до 29 мај во градчето Солин, во близина на Сплит, Хрватска се одржа Конвенција на Лајонс членовите во Хрватска, а гости беа и членови на Лајонс клубот Битола. Поводот заради кој беа поканети гостите од Битола, беше збратимувањето на Лајонс клубовите од Битола и Шибеник.Збратимувањето се случи на посебна Свечена седница, на која беше и потпишана Повелбата за збратимување. Во име на Лајонс клубот Битола, Повелбата ја потпиша претседателот на клубот Битола, Драги Филевски, а за клубот од Шибеник, Дејан Вапски.На самата седница присуствуваа и Гувернерот на Хрватска, Јозо Беричич и Алек Кониц Гувернер за 2022/2023 и Даниел Изенрих, Интернационалниот директор на “Lion’s International“, Јуриј Шарман “past Guverner“ на Словенија, како и Дражен Мелчич, претседателот на “Lion Evropa Forum 2022“.Во рамките на свеченста за потпишување на Повелбата, беа разменети пригодни подароци од општините Битола и Шибеник и клубските ознаки.Во продолжувањето на соработката на двата клуба од Битола и Шибеник се очекуваат многу заеднички хуманитарни акции.На Лајонс клубот  Битола ова му е второ збратимување во петнаесет годишната историја со хрватски клуб, а претходно тоа беше направено со клубот од Нашице.Збратимувања помогнаа за зближување на двата Дистритка, Македонскиот и Хрватскиот.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »