Press "Enter" to skip to content

Постхумно, од печат излезе најновата стихозбирка “Утеха“ на Панде Манојлов

Капиталната поетска книга “Утех“ од познатиот и меѓународно признат битолски поет Панде Манојлов, од Битола, кој ненадејно почина минатата година, од денеска почитувачите на поетскиот збор и на неговата поетска реч, ќе имаат можност да ја доживеат како голем предизвик или како “кристална решетка на поетскиот изблик“, како што напиша во рецензијата поетесата Милица Димитријовска Радевска.  Во ризницата на триесет објавени авторски книги на Манајлов, “Утеха“ со 150 песни длабоко ќе навлезе во македонската поетска ризница, како неповторлив капитал на кристална поетска мисла и јасна поетска реч, длабоко изнедрена од неговата душа и големо човечко срце.

Издавач е “Матица Македонска“, а наскоро промоција во Битола ќе изврши писателот и литературен критичар Раде Силјан, сопственик на оваа издавачка куќа. Овој настан ќе биде потсетник за големото поетско име на Манајлов, кој е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година, преведуван е на повеќе странски јазици,  членувал во повеќе меѓународни литературни асоцијации и има добиено повеќе домашни и меѓународни награди и признанија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »