Press "Enter" to skip to content

Промоција на поетското творештво на хрватскиот поет  Валерио Орлиќ во Битола

Во кафетеријата “Везилка“ во Битола беше промовиран дел од поетското творештво на  поетот Валерио Орлиќ од Риека, Хрватска. Организатор на промицијата беше Здружението за наука и култура „Нова“од Битола, а промотор м-р Мирјана Стојановска. Стихови во превод на македонски јазик читаше Мартина Костовска, во пијано придружба на талентираната  Милена Наумовска.

Валерио Орлиќ е автор на 23 книги поезија, а негови песни се преведени на петнаесетина јазици. Добитник е на повеќе награди и признанија. Тој е претседател на Хрватското книжевно друштво и уредник на списанијата: „Книжевно перо“ и „Задарски книжевен летопис“. Организатор е на повеќе потски меѓународни манифестации, на островот Паг, на островот Корчула, во Риека, Пула и Сплит.Поезија на Валерио Орлиќ е љубовна лирика, медитранска поезија, со романтичарски призвук.  Молитвите на пастирот што е и наслов на неговата книга поезија и истоимена песна, ги пренесува молитвите за мир, за благосостојба, за себеразбирање. Пејзажите на морето, старата смоква, маслината, изгрејсонцето, се епитети на медитеранската поезија како препознатливи  алатки во поетската херменвтика на Валерио Орлиќ, истакна Стојановска.

На крајот од промоцијата, на авторот Орлиќ му беше врачена награда „Поетски паралели“ за целокупно уметничко творештво.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »