Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира улицата “Вера Циривири Трена“, наскоро “Штипска“ и “Брегалница“

Уште една улица од предвидените 23 за оваа година е завршена. Во текот на вчерашниот ден, со асфалтирањето на улицата „Вера Циривири Трена“, реализиран е проектот за „Рехабилитација на улица „Вера Циривири Трена“, за што од општинскиот буџет инвестирани се 745.589 денари.

Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на текот на работните активности на улиците „Штипска“ и „Брегалница“, каде беше информиран од страна на работните екипи, дека асфалтирањето и на овие улици, ќе биде завршено до почетокот на идната недела.

More from ВестиMore posts in Вести »