Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 8.
Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од Битола се 3.
До сега во Битола има 15.678 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 49 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 36 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 26 и преку “Плодност“ 10.
Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.