Press "Enter" to skip to content

Денеска е Светски ден на велосипедот – за возење без грижи осигурете го вашиот велосипед

Знаевте ли дека возењето на велосипед придонесува во организмот да се ослободува ендрофин, хормонот на среќата? Одењето со велосипед на работа не само што е добро за здравјето и го намалува секојдневниот стрес на кој е изложен човекот, туку е и брзо, економично и еколошко решение со бројни придобивки и за велосипедистот и за локалната заедница. Токму затоа дел од вработените во СН Осигурителен Брокер АД Битола и денеска на работа стигнаа со велосипеди, еколошко превозно средсто кое е составен дел од нивниот животен стил, велат од оваа општествено одговорна компанија.

3 Јуни, Генералното собрание на ООН во април 2018 година го прогласи за Светски ден на велосипедот. -Овој ден за нас е повод да потсетиме зошто е важно да се направи осигурување на велосипед. Осигурувањето на велосипед е ново и единствено решение на пазарот кое ви нуди финансиски надоместок во случај на кражба и незгода во која било ситуација. Статистичките податоци велат дека секој втор од нас има изгубено велосипед поради кражба, посочуваат од СН Осигурителен брокер АД Битола. 

 Полисата за осигурување на велосипеди ги опфаќа следните ризици: провална кражба, сообраќајна незгода, пожар, експлозија и удар од гром.За возење и прошетки без грижи! Заштитете се себеси, вашиот велосипед и уживајте во сигурноста која ја добивате со пакетот за осигурување на велосипед. Целта на новото осигурување е да се подигне свеста за користењето на велосипедот како превозно средство, но и да се заштитат велосипедистите со оглед на големиот број кражби.

Велосипедистите се осигурени од следните ризици: осигурување при незгода, смрт од незгода, траен инвалидитет, кршење на коски, трошоци за лекување, одговорност кон трети лица, штети настанати на  ствари на трети лица и штети за нарушено здравје.

Осигурете го вашиот велосипед и уживајте во возењето!

Повеќе информации за Полисата за осигурување на велосипеди во СН Осигурителен брокер АД Битола на 📞075 284 653 и 15 770.