Press "Enter" to skip to content

Ресторан “Вила Виста“ со реновирана тераса за уживање во единствениот поглед, преку летната сезона (фотогалерија)

Летната сезона ресторанот “Вила Виста“ ја дочекува со реновирана тераса која ќе биде оптимално место за уживање со вкусна храна, ладни пијалоци, кафе… на чист воздух и идеален поглед кон зелениот рај наоколу.Терасата на “Вила Виста“ е позната како место од каде во секое годишно време и може да се восхитувате на погледот кој се пружа на околната природа, но сега кога, додека седите на терасата погледот кој допира до Битола, преку Пелагонија, до Кајмакчалам ви дава посебно чувство како да лебдите на зелениот тепих.Сега обновена, со нов мебел, украсена со многу цвеќиња, идеална во жешките летни денови каде преку ден може да се разладувате и дишете чист воздух.А ноќите  се наменети за романтични вечери со поглед кон Битола и светлата во ноќта.Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа на околу 15-тина минути од Битола над Дихово, на патот кон Нижеполе.  Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.