Утрово во 9 часот на плоштадот “Магнолија“ во Битола започна голема хуманитарна распродажба на производи на реномираната компанија “Comfy Angel”.Распродажбата ќе биде од хуманитарен карактер, а дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за поддршка на сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Битола.
–Поворно по пауза поради пандемијата започнавме со организирање на нашиот хуманитарен караван кој има повеќе цели. Првата цел е нашите производи да ги доближиме што е можно поблиску до граѓаните на Македонија по мошне поволни цени, а втората, поважна цел е парите да ги намениме во хуманитарен карактер. Овој пат дел од средствата кои што ќе бидат собрани од оваа распродажба ќе бидат наменети за Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на град Битола, вели Ивана Сурлаџиoска, од секторот за продажба на компанија “Comfy Angel”.
-Во Битола на оваа хуманитарна распродажба имаме производи од нашиот голем асортиман на производи. На битолчани ќе им понудиме јоргани, перници, постелнини, заштитници… по навистина промотивни цени, а сите кои денес ќе дојдат на плоштадот “Магнолија“ ќе се уверат во квалитетот и цените. Ова, како претходно рековме, е со цел што повеќе средства да собереме и што повеќе да помогнеме на оние кои што им е потребно, а во овој случај на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Битола, додава Марија Стеваноска – Темелкоска, од секторот продажба на компанија “Comfy Angel”.

Хуманитарниот караван на “Comfy Angel” со распродажба на “Магнолија“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- А1 Македонија за сите при-пејд и пост-пејд корисници 10GB за безгрижно сурфање во роаминг во 27 земји
- Супер акција во маркетите на “Ангромаркет“ до 2 јули
- “Роса Вита“ отвори нова аптека во Нова Битола, кај клиничка болница (фотогалерија)
- 10. конкурс за фотографии и изложба “Со љубов од Битола“
- Како да изберам осигурување со кое најдобро ќе ги заштитам семејството и имотот?