Денес во Офицерскиот дом во Битола во организациа на Комисијата за меѓународна соработка и Евроинтеграци при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, организира панел дискусија на тема “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“.Панел гости кои зборуваа пред рисутните беа Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Трајков стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а медијатор беше Никола Блајбершник.На дискусијата беа присутни пратеничките од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски, градоначалникот Тони Кољановски, советници, членови на телата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партијата…Пред почетокот на дискусијата Алекдандар Николовски изјави:-За жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија и повикувам од Битола Бугарија да собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ, затоа што тоа пред се го заслужуваат гражните на Македонија, и додаде:-Јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, сведоци сме сите на состојбата во државата и тука нема ниедно друго решение освен промена на Владата и брзи и предвремени парламентарни избори.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола со панел дискусија “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)