Денес во Офицерскиот дом во Битола во организациа на Комисијата за меѓународна соработка и Евроинтеграци при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, организира панел дискусија на тема “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“.Панел гости кои зборуваа пред рисутните беа Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Трајков стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а медијатор беше Никола Блајбершник.
На дискусијата беа присутни пратеничките од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски, градоначалникот Тони Кољановски, советници, членови на телата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партијата…
Пред почетокот на дискусијата Алекдандар Николовски изјави:
-За жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија и повикувам од Битола Бугарија да собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ, затоа што тоа пред се го заслужуваат гражните на Македонија, и додаде:
-Јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, сведоци сме сите на состојбата во државата и тука нема ниедно друго решение освен промена на Владата и брзи и предвремени парламентарни избори.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола со панел дискусија “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)
- “Берза на винили“ во рамките на “Битола отворен град“ (фотогалерија)
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)