Press "Enter" to skip to content

СВР Битола за опожарувањето на културниот клуб “Ванчо Михајлов“

На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар “Иван Михајлов“ во Битола, лоциран на ул. “Рузвелтова“  по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола.

Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »