Press "Enter" to skip to content

Фризерскиот битолски бренд “Кармен“  прослави 30 години од постоењето (фотогалерија)

Сите ја знаеме моќта на негуваниот изглед. Тој ни дава самодоверба, задоволство, а со короната, увидовме што значи да се остане без својот фризер. Постои истражување, кое дакажа дека на луѓето за време на локадун деновите не им недостигаа ни рестораните, ни свадбите….колку што им недостигаа фризерите.Личниот фризер за секој од нас е супер херој, кој во светот не испраќа убави со неговиот професионален потпис. Таков е Диме од “Кармен“, човек кој 30 години докажува љубов кон своите клиенти со брендот кој во континуитет ни докажа дека е за влакно пред другите.-Не се воопшто малку 30 години, кога вака ќе размислам. Но, исто така знам, дека мене ми поминаа како миг, затоа што од секогаш сум имал со себеси најдобар тим. Тим кој е со мене со години. Ние сме семејство, оттука и тој амбиент во кој оној кој доаѓа се чувствува пријатно. Работата ме носел на сите страни на светот, сум учествувал на бројни светски настани поврзани со мојата професија, но секогаш на крајот на денот сакав да бидам дома, во Битола… со моите од “Кармен“ и со семејството кое отсекогаш било мојата најголема поддршка, вели Диме Ивановски, сопственик на “Кармен“ за изминатите 30 години. -Сега тука можам уште многу да зборувам, но едно е најважно што сакам да го кажам… Кармен немаше да биде ништо, ако немав верни клиенти како Вас, со емоции зборуваше Димче Ивановски.“Кармен“ на битолскиот фризер Диме, 30 години е институција кога станува збор за фризерај низ разговори зборуваа гостите на настанот, кој се случи пред кафе “Централ“ на плоштадот “Магнолија“.  Гости од Битола, но и колеги фризери од Македонија и странство беа присутни тука.Честит јубилеј на Кармен – локација каде што фризерите се уметници кога е во прашање косата, снаодливи се кога станува збор за комуникација, креативни кога станува збор за бизнис.Тимот на Кармен, составен од Димче, Весна, Нона, Цвете и Наташа не се само вработени, тие се наши пријатели, знаеле да излезат во пресрет кога ни било најубаво, но и најтешко, тие се и нашата насмевка, но и одлични слушачи кога сме кај нив. Личности кои ја сакаат својата работа, поместувајќи ги границите на убавото, зошто таа е најубатата работа во нивната професија.