Press "Enter" to skip to content

Во Битола тричасовниот навивачки фанатизам, на 50 степени, на крај заслужено награден со победа (фотогалерија)

Како и се очекуваше вечерва во Битола имаше рекорден број на навивачи, од кои најголем број од нив беа во салата во 18 часот, а останаа нешто по 21 часот, а околу 2.500 навивачи останаа во салата “Боро Чурлевски“ околу три часа.За тоа време не прекинато го бодреа својот тим Пелистер, а  во најзначајните моменти од натпреварот, кога се “кршеше“ резултатот им помогнаа на кошаркарите да дојдат до, првата, историска победа, во првиот финален натпревар кој се одиграл во Битола, за титула.Публиката која за прв пат оваа сезона беше на двете трибини издржа три часа на пеколна топлина во салата, на која тешко се изржување, но како многумина рекоа “се сваривме, но сепак се исплати, го победивме МЗТ“.Помошта од публиката, по завршувањето на натпреварот, ја возвратија кошаркарите и тренерите.  Кошаркарите се позрдавија со секој кој остана во салата, заедно испеаја неколку навивачки песни, новата химна на навивачите “Ако одам во Битола“, а потоа беа стрпливи и се фотографираа со сите деца кои беа пред салата и ги чекаа да излезат од соблекувалната.Колку навивачите беа успешни во бодрењето на Пелистер, кажува и тоа дека гостинските начивачи од Скопје, воопшто не се слушаа.Но, ова е само увертира на следниот натпревар кој ќе се одигра во Битола, во петок, а најверојатно, според тоа каков е интересот за кошаркарското финале во Битола, ќе се рушат нови рекорди во салата, со најголем број на публика.

Фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »