Press "Enter" to skip to content

Пелистер возврати за поразот, израмни на 1:1 по продолжение во Битола, победа за историја (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 82:79

Во прекрасна кошаркарска атмосфера и во одличен, втор, финален натпревар во кој уживаа 2.500 љубители на кошарката, рекорд во Битола, победи екипата на Пелистер и израмни на 1:1 во финалето од плеј-офот, против екипата на МЗТ Скопје, по продолжени од пет минути, по регулатните 70:70. Со оваа победа кошаркарите на Пелистер за направија поинересна завршницата од сезоната.Пелистер добро го отвори натпреварот и по 5:5 по три и пол минути игра дојде до 15:8 на три минути до крајот, за првата четвртина ја заврши со резултат 20:15. “Аеродромци“ во втората четвртина  одговорија со подобро издание и дојдоа до 25:23, но пред паузата Пелистер имаше 39:31, откако во последната минута “пелистерци“ искористија неколку напади во кои погодуваа.Третата четвртија ја добија гостите со 12:20, по ресултатскиот пресврт по пет минути игра поведоа со 44:47. На крајот од третата че6вртина беше 51:51 како најава за неизвесната завршница во Битола.Во последната четвртина Пелистер на стартот имаше 6:0 за 57:51. До крајот на регуларниот дел Пелистер имаше водство но по промашувањето на Малешевиќ при 70:68, МЗТ израмни. И продолжението беше неизвесно, а победникот се одлучуваше во последните секунди. Малешевиќ погоди две слободни фрлања, а МЗТ Скопје Аерором не го искористи својот напад.Најефикасен кај Пелистер Малешевиќ постигна 20, Кесар 15, а Стајиќ 14 поени.Следниот натпревар се игра во Скопје за два дена. 

More from ВестиMore posts in Вести »