Утрово, недела, 5 јуни во Битола се одржа второто издание на велосипедската градска трка “ВелоТрка“ поделена во две категории на која учествуваа голем број на велосипедисти.
Битолчани и гостите од другите градови се натпреваруваа во професионална машка и женска трка од 21 километар и рекраетивна машка и женска трка од 10 километри.
Во професионалната категорија возеа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија, но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти.
Категоријата рекреативци е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт и не е дозволено учество на оние кои се членови на клубови при Велосипедската федерација на Македонија.
Целиот настан трае три дена, на светски ден на велосипедот, рекреативно дружење со екстремни велосипедисти, се одржа и наградна игра, подигнување на натпреварувачките пакети и добра атмосфера во придружба на DJ, а третиот ден беше “ВелоТрката“.

Се одржа 2. “ВелоТрка“ во Битола, рекреативци, професионалци, пензионери, деца… (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер утре гостува во Кавадарци, меч на кој мора да се победи
- Праведна енергетска транзиција на локално ниво: работници, заедници и дијалог
- Меѓународна студентска конференција на УКЛО 2025
- СВР Битола: битолчанка погодена со тврд предмет на натпревар, во село Трновци пронајдени пневматско оружје, сигнален пиштол, рамка и 62 парчиња муниција
- Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер утре гостува во Кавадарци, меч на кој мора да се победи
- В недела, во Битола шаховски предизвик во “Пионерски Book Bar“
- Еурофарм Пелистер 2 само со еден бод против Бутел во Битола (фотогалерија)
- Ѕвонко Шундовски: Одигравме агресивна и добро и дојдовме до значајна победа
- Женска енергија на вечното ракометно дерби во Битола (фотогалерија)









