Press "Enter" to skip to content

Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија + видео)

Со неколку активности синоќа во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска и во Битола, кој ги организираше хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ од Битола. На ова одбележување присуствуваа градоначалниците на Битола – Тони Коњановски, на Новаци – Стевче Стевановски, на Ресен – Јован Тозиевски, и градоначалникот на Општина Шолта – Никола Чечиќ – Карузиќ, кои беа гости на битолчани, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ и други гости, но овој пат за разлика од лани во поголем број, без ограничувања заради протоколите.Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, која рече дека  среќен сега во нормално услови во Битола го прославуваат Денот на државноста, на ден кој е многу значаен за Хрватска и Хрватите, без разлика каде се наоѓаат, па секако и за тие кои се во Битола и околните градови.Градоначалникот на Битола – Тони Коњановски во своето излагање прво им го честита Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија, и рече дека Битола била и ќе биде отвореана за сите Хрвати, кои без разлика по кој повод се во градот, а тој како долгогодишен пријател со Маретиќ и љубител на клапската музика бил и секогаш ќе биде дел од ваквите случувања.  Градоначалникот на Општина Шолта – Никола Чечиќ – Карузиќ, рече дека во име на Хрватска им го честита Денот на државноста на сите Хрвати во Битола.-Ова наше вечерашно собирање е само потврда на нашата соработка на полето на културата, но јас лично, а се надевам дека и вие посакувате да бидете побрзо дел од Европската унија и оваа соработка да ја прошируваме и на економски план, што е поважно за сите. Исто така Ве поканувам секој кој има можност да биде гостин на напиот остров кој е 14 по големина, но секогаш за нас прв во убавина.Во рамките на програмата ќе биде одржано и предавање за таткото на хрватската книжевност Марко Марулиќ и неговата поврзаност со островот Шолта.

Одбележувањето на Денот на државноста во Битола, во годината кога и Република Хрватска одбележува 30 години од меѓународното признавање и воспоставување дипломатски односи и членство во Обединетите нации, се одржи во организација на МХД – Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ во Центарот за култура, беше заокружено со концертот на женската клапа “Чувите“ од Шолта, Хрватска, која на својот репортоар имаше и неколку песни од Македонија, а концертот го затворија со изведба на песната “Јовано, Јованке“.По концертот се сретнаа и разговараа за идна соработка градоначалниците на Битола, Новаци, Ресен и Шолта.

Текст и фото. С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »