Press "Enter" to skip to content

Завод и Музеј од Битола со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите во Нови Сад

Националната Установа Завод и музеј Битола, гостуваше во Европската престолнина на културата 2022, Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите.Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3 јуни во присуство на голем број гости, ја сочинуваат 20 панели со тактилни слики и опис на брајово писмо, со мотиви од предмети од постојаната поставка и архитектура.Во рамките на проектот се одржа обука за музејски работници од неколку музеи од Војводина, на тема „Пристапни музеи“ од страна на колеги од Балканот со големо искуство. (м-р Јове Парговски од НУ Завод и музеј Битола, мсц Милена Милошевиќ Мициќ од Србија, м-р Аида Шарац Бербиќ од Босна и Херцеговина, м-р Жељка Сушиќ од Хрватска) Раководител на проектот е д-р Ирена Ружин.Проектот е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма од национален интерес, а Завод и Музеј од Битола упатува голема благодарност до домаќините од Музеј на Војводина и присутните на обуката и отворањето на изложбата за укажаната чест, интерес и гостопримство.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »