Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: улогата на таткото во воспитувањето на децата

Вистинска интересна приказна на случај оригинално пренесен од зборовите на  психотерапеутот Небојша Јовановиќ. Написот кој го сретнав сметав дека е  интересен, а  вреди повеќе од илјада совети, за улогата на татковата фигура како модел на однесување во воспитувањето.

Некогаш важело правило, посебно во култури каква што е нашата (или на Балканот) дека улогата на мајката во воспитувањето на детето е многу поважна од улогата на таткото. Мајката била таа која се грижи, ангажира и насочува децата, додека таткото е “надворешен играч“, односно некој кој се грижи за финансиската сигурност на семејството и децата. Освен посветеноста, негата и водењето кои на секое дете му се потребни од двајцата родители, може да се рече дека по својата природа улогата на мајката е понежна и топла, а татковците создаваат чувство на сигурност, стабилност и спокој кај детето.Од ординација на психотерапеутот.

„Пред десетина години се случи нешто што сериозно ме замисли на тема однос на генетиката  и воспитувањето. Ме повика една жена од Црна Гора, бидејќи разбрала, слушнала дека правам неуро фидбек дијагностика и  тренинг на деца со “ADHD“ (Attention deficit hyperactivity disorder) тоа е состојба дефицит на внимание и хиперактивност) и закажуваме термин за тестирање на нејзиниот син.  Доаѓа со сопругот кој е директор на голема фирма. Тој само ги довел и заминал заради некоја работа. Кај детето на возраст од околу   6 години уште од врата приметив дека е хиперактивен. Очите му играат наоколу, прошиша покрај мене за да види што има по ординацијата, ни не погледнувајќи ме…

Направивме снимање и констатирам дека има прилично изразен дефицит на внимание.  И давам некои упатства на мајката околу исхраната и  промена во начин на воспитување и се договараме да се видиме после неколку месеци кога можат да останат подолго, за да почнеме со неурофидбек тренинг.

Дојдоа после 4 месеци и овој пат се појавува и таткото. Уште од врата имам впечаток како да донеле друго дете. Ова “друго дете“ прво ме погледна право во очи, учтиво ме поздрави, ме запраша дали можеме „да ги играме оние игрици кои се играат со мозокот“. Кога направив ЕЕГ снимање со неуро фидбек мислев дека ми се расипал апаратот. Овој не е истиот мозок! си помислив и како е можно се прашуваав, откако проверив дали се беше во ред со снимањето.

Детето нема дефицит на внимание. Друг мозок мозок!. Си помислив и за миг ми прелета „Да не ми донеле друго дете, брат близнак, за да ме проверат.  Детето нема дефицит на внимание. Но тоа ми беше за неверување. Што му направивте да се промени толку драстично? Во Црна Гора  да не воведовте транслплантација на мозоци.? Ги запрашав родителите. Таткото само се насмевна, а мајката ми раскажа  што се случило.

Кога после прегледот му кажав дека му фали внимание (мислев на состојбата дефицит на внимание) тој  малку погрешно го сфати дека не му е посветено внимание. Рече: „Е вала кога толку пукавме кога се роди сега да му фали внимание. Од утре ќе биде поинаку. И што правевте од после тоа. Па татко му го носеше со себе на работа, го запознал со сите соработници, во производетво, секаде… Потоа се консултирале што е паметно да се работи во фирмата, го “назначил“ за помошник директор  и секаде го водел со себе. Ете само тоа се промени.

Потоа си размислуваав кога би можало на рецепт  да им припишуваме на синовите да бидат што повеќе со своите татковци наместо некои пилули. Завршив со нив чудејќи се на чудо, со желба што побрзо да стигнам дома и да ги видам што ми прават децата, да не им фали внимание, можеби…

Психотерапеут, Небојша  Јовановиќ (од блогот на психотерапеутот, Сунчица Јовановиќ)Татковството е еден комплексен феномен со огромни последици врз емотивниот и интелектуалниот развој на детето. Резултатите од испитувањата покажуваат дека важноста на таткото е многу поголема од тоа што се мислеше. Освен посветеноста, негата и водењето кои на секое дете му се потребни од двајцата родители, може да се рече дека по својата природа улогата на мајката е понежна и топла, а татковците создаваат чувство на сигурност, стабилност и спокој кај детето Улогата на таткото е еднакво важна и за момчињата и за девојчињата. Начинот на кој таа улога се вреднува во растењето на детето во зависност од полот е различна. На момчињата им е важен таткото како модел според кој го формираат своето однесување, вредностите во улогата на маж, татко и сопруг.

Ефектите од тако-дете дносите се протегаат и во зрелата возраст. Луѓето кои имале позитивен однос со нивните таковци имаат поголеми изгледи дека ќе формираат здрави, интимни врски и ќе имаат помалку проблеми во развивањето на истите. Оние луѓе пак кои имале понеквалитетни врски со таткото имаат о нашата култура татковците или не сакаат или не знаат како активно да се вклучат во воспитување и растење на децата. Улогата на жената во двата случаи е од големо значење.

Доколку мажот не сака да учествува во воспитувањето на децата, разговарајте со него дали тој не го сака тоа или едноставно не знае како се прави бидејќи немал модел во своето семејство. повеќе проблеми при формирање на интимни врски, како и потешкотии при нивното одржување и покажуваат значително повеќе проблеми при адаптирањето на новите социјални услови.

Многу е важно да знаете дека со дозволување на таткото да биде татко правите корисна работа за своето дете. Со тоа не само што добивате помош во воспитувањето, туку и го негувате и чувате својот брак. Колку повеќе го вклучувате сопругот во активната грижа за децата, колку повеќе го охрабрувате и не го критикувате, можете да очекувате дека и вашиот партнерски однос ќе биде поквалитетен.