Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.185 теста, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 6.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од Битола се 5.
До сега во Битола има 15.693 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, активни 40 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 28 тестови преку ЦЈЗ Битола 14 и “Плодност“ 14.
Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.