Press "Enter" to skip to content

Горната Гимназија и “Тодор Ангелевски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија – сите победници)

Сојузот на училишен спорт од Битола, денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ им ги додели наградите на најуспешните екипи од основните и средните училишта во општината, кои се победници на натпреварувањата кои ги организира Сојузот.За најдобра екипа во средните училишта е прогласена спортската екипа на Горната Гиманзија “Јосип Броз Тито“ , а кај основните училишта ОУ “Тодор Ангелевски“, а на професорите по физичко образование кои ги водат екипите, им беа доделени големите пехари, за победници во конечен пласман.Сојузот за училишен спорт посебно признание и подари на Општина Битола, а него го прими советникот, Зоран Петровски, претседател на комисијата за спорт при Советот на Општина Битола. Признание доби и Сојузот на спорт при УКЛО Битола.-Сакам прво да им честитам на екипите победници и нивните ментори, кои колеги. Општина Битола ќе го подржува училишниот спорт, бидејчи во учишните дворови и спортски сали е расадникот на спортистите, а овие натпревари се првиот тест за нивниот квалитет и спортскиот мотив за победа. Се надевам дека за брзо време дел од овие спортисти кои денес примаат награди, ќе бидат дел од сениорските екипи на битолските клубови ќе бидат носители на играта, рече Зоран Петковски.Претседателот на Сојузот за училишен спорт во Битола, Михајло Трампевски на доделувањето на наградите на екипите победници рече:

-Оваа година го зголемивме бројот на ученици кои се вклучија во општинските натпревари, со вклучување на ученици од нижите одделенија во основното образование, а тоа само може да не радува. Голем беше бројот на ученици кои се натпреваруваа, а покажаа добри игри и резултати, а тоа го докажаа на зонските и државните натпревари. Овие награди секако ќе бидат мотив плус за работа на наставниците, професорите и учениците.

Наградите на најдобрите училишата им ги додели Зоран Петковски, а на екипите победници, професорите по физичко воспитување кои беа организатори на натреварите по спортови. 

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »