Press "Enter" to skip to content

Интервју со д-р Џулиана Михајловска: Озонска терапија и дијабетес – предизвик на денешницата

Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Дијабетес претставува група на општи метаболички нарушувања што имаат ист фенотип на хипергликемија. Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата.

Во Клиниката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за прв пат е воведена во 2008 година и од тогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и сл.

Дијабетес тип 2 опфаќа околу 90% од сите пациенти со дијабетес и истиот може да се превенира. Се смета дека десетина години пред поставување на дијагнозата, кај пациентот веќе се појавува одреден степен на инсулинска резистенција која може да биде присутна и при вредности на инсулинот и гликемијата во крвта во нормален ранг.

„Озонската терапија во медицински цели за прв пат започнала да се применува во Првата светска војна каде биле третирани раните и инфекциите. Таа претставува гранка на натуропатијата и е ветувачка медицинска терапија со потекло од алтернативната медицина“, објаснува д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог. Д-р Џулиана ги потенцира придобивките на озонската терапија во третманот на пациентите со дијабетес тип 2 и нејзиниот механизам на делување. „Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Со тоа, терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации (ретинопатија, нефропатија и невропатија)“, додава д-р Џулиана.Што претставува дијабетесот и која е причината за неговата појава?

Д-р Џулиана: Дијабетес претставува група на општи метаболички нарушувања што имаат ист фенотип на хипергликемија. Постојат неколку видови на дијабетес. Дијабетес тип 1 кој се јавува најчесто како резултат на уништување на бета клетките на панкреасот и се манифестира со комплетен инсулински недостаток. Дијабетес тип 2 се јавува како резултат на инсулинска резистенција или инсулинска хиперсекреција. Гестациски дијабетес – дијабетес кој се јавува кај бремените жени. LADA и MODY се посебни типови на дијабетес настанати со различни генетски мутации.Дијабетес тип 2 е најдоминантен во популацијата со дијабетес, честопати присутен кај лица со прекумерна телесна тежина и недоволна физичка активност, а во последно време го има и кај помладите, иако порано се врзуваше претежно со возрасната популација. Дали може да се превенира?

Д-р Џулиана: Дијабетес тип 2 опфаќа околу 90% од сите пациенти со дијабетес и истиот може да се превенира. Се смета дека десетина години пред поставување на дијагнозата, кај пациентот веќе се појавува одреден степен на инсулинска резистенција која може да биде присутна и при вредности на инсулинот и гликемијата во крвта во нормален ранг.Од кога се применува озонската терапија во медицината и кој е механизмот на делувањето на озонот кај пациентите со дијабетес тип 2?

Д-р Џулиана: Озонската терапија во медицински цели за прв пат започнала да се применува во Првата светска војна каде биле третирани раните и инфекциите. Таа претставува гранка на натуропатијата и е ветувачка медицинска терапија со потекло од алтернативната медицина. Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Со тоа, терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации (ретинопатија, нефропатија и невропатија). Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата.

Кој е предизвикот на денешницата во третманот на дијабетес тип 2?

Д-р Џулиана: Иако лековите кои се користат во третманот на дијабетесот, вклучувајќи ја и инсулинската терапија, се одлични, тие немаат влијание врз оксигенацијата на системските телесни клетки, па затоа е време терапијата на дијабетесот да се интегрира заедно со озонската терапија. Какви видови третмани со озон постојат во Клиничката болница „Жан Митрев“ и за кои сè состојби се применува?

Д-р Џулиана: Во клиничката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за прв пат е воведена во 2008 година и од тогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и слично.

Нашиот тим од професионалци комплетно ќе Ве поддржи и за само една здрава озонирана клетка.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »