Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Скопје, сега е МЗТ во предност од 2:1, петок во Битола нов натпревар

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 86:62 (2:1)

Кошаркарите на Пелистер од Битола на гостински терен во Скопје се поразени до екипата на  МЗТ Скопје Аеродром кои ја искористија предноста која им ја носи домашниот терен, во натпревар во кој беа убедливи.

Кошаркарите на Пелистер беа рамноправни само осум минути во првата четвртина, а потоа шампионот направи позитива, која по 10 минути беше +9 (28:19). По втората четвртина која заврши со 26:8, екипата на МЗТ имаше двојно повеќе поени, 54:27 по што се отиде на одмор. 

На стсртот на третата четртина МЗТ направи поголема разлика 63:30, а по 30 минути игра беше 74:42. Последната четвртина беше само формалност, а Пелистер ја намали по 12:20, за конечни 86:62.

Нова неисвеснот во битката за титулата “пелистерци“ ќе имаат во петок навечер, на свој терен, во салата „Боро Чурлевски“ за кога е закажан и четвртиот натпревар од финалето.

More from ВестиMore posts in Вести »