Press "Enter" to skip to content

Протест и протестен марш на “Левица“ за ослободување на Ламбе Алабаковски (фотогалерија)

Попладневии во Битола, пред СВР Битола, се одржа протест за ослободување на Ламбе Алабаковски, за кој судот одреди мерка осумдневен притвор, заради палење на вратата на културниот центар “Иван Михајлов“ во Битола, во организација на политичката партија “Левица“.За мотивот за организација на протестот и за барањата кои произлегоа од него зборуваше Горан Велевски, претседател на локалниот огранок на “Левица“ во Битола, и советник во Советот на Општина Битола, рече: -Сакаме да упатиме порака од Битола до цела Македонија, дека Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски. Морам да потенцирам дека ние како советничка група на “Левица“ испративме иницијатива и барање до Министерство за клутура и Централен регистар, а тоа сите советници едногласно го поддржаа, и повратна информација немама дали е правно е заштитен клубот во Битола, дали се почитувани прописите за негово отворање. Повикува за слобода на Ламбе Алабаковски и поради фактите кои ги наведов испраќаме апел до цела јавност за се борат против новиот фашизам. На протестот зборуваа Марио Јаневски од Црвена младина на “Левица“ и портпаролот на “Левица“ Амар Муслимовиќ, кои побараа слобода за Ламбе Алабаковски, процесуирање на кривичната пријава која “Левица“ ја поднесе за претседателот на клубот “Ванчо Михајлов“ и испраќање на прортестна нота до Амбасадара на Бугарија во Македонија. Мирниот протест заврши со марш на учесниците по булеварот“1. Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола, се до “Црн Мост“.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »