Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична пријава против вработена во угостителки објект за точења алкохол на дете, сообраќајни контроли

СВР Битола, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект лоциран на ул.„Рајко Жинзифов” во Битола и против 24 годишна битолчанка, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”, казниво по член 204 од Кривичниот законик.  На 24.12.2021, во периодот од 22.30 до 23.30 часот, при контрола во објектот било утврдено дека пријавената послужила со алкохолни пијалоци 10 малолетници, кои не наполниле 14 години.

На 07.06.2022 на територијата на СВР Битола била спроведена  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 39 возачи, од кои 7 санкции се изречени на територија на Битола, 10 на територија на Прилеп и 22 санкции во Ресен. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »