Press "Enter" to skip to content

Александар-Алеко Пешка, поранешен директор на “Пазари“ Битола: имавме гратис пари од “Дунав“ за подземен простор, власта тогаш не ни дозволи

Денес на прославата по повод одбележувањето на 70 години постоење на јавното претријатие “Пазари“ во Битола, беа голем број на поранешни раководители, директори, пензионирани вработени, а највозрасен меѓу нив беше поранешниот директор Александар – Алеко Пешка, кој со ова јавно претријатие раководел во осумдесеттите години на минатиот век, и тој бил трет по ред директор на оваа претријатие.

Возбуден поради поканата да биде дел од прославата на 7о роденден на претријатието кое го водел четири години се присети на тој период кога раководел со “Пазари“ и рече:-Долниот дел од пазарот беше национализиран, а потоа го сменамевме урбанистичкиот план и го добивме тој простор, и се постави како што е сега поставен. За жал, тогаш немавме разбирање со власта која беше на чело на Битола, во смисла да се гради и да прошири пазарот. Во тој период бев потпретседател на “Дунав“ на ниво на Југославија, а тоа беше  компанија за осигурување, и имав на располагање гратис средства, за да се изгради долниот дел како посебен простор, да се гради гаражен простор и производен простор, во подземни простории, а за тоа како го гледа сега пазарот ни рече:

-Сега пазарот ја добива својата физиономија, а сега е нешто поубаво од тоа како ние тогаш го замислувавме пазарот во иднина и е подобар во секој случај. Им го честитам роденденот на “Пазари“ и да си дочекаме уште многу родендени.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »