Press "Enter" to skip to content

Денес 9 јуни, последен училишен ден во основните и средните училишта во Битола, започнува летниот распуст

Првиот и последниот училишен ден се едни од најважните во животот на секој ученик. Денес 9 јуни последен училишен ден, училишното ѕвонче го означи крајот на учебната година за учениците во основно и средно училиште во Битола. Учебната 2021/22 година започна  како и претходните две во пандемија со мерки и протоколи, и носење маски , за да заврши без нив.

Училишните дворови како и пред пандемијата исполнети со весел жагор на  радосни ученици кои прославуваа, се разделуваа од соучениците и наставниците пред летниот распуст,  карактеристични за последениот училишен ден. Имаше и традиционално „фрлање“ на тетратки кои симболично го означуваат крајот на училишните обврски и започнување на долгоочекуваниот распуст. Фотографирање кое останува спомен кај секого за последнот училишен ден.Честитки за убав распуст и надеж кај сите : ученици, родители, наставници  за подобра учебна година од септември. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта.На матурантите на факултет.

Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна  Македонија, Министерството за образование и наука  за прв пат оваа година воведува нова дигитална услуга  која ќе Ви овозможи електронско аплицирање и нема да Ви одземе повеќе од 5-10 минути.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »