Press "Enter" to skip to content

Ламбе Алабаковски во домашен притвор, одлучи денес, Основниот суд во Битола

Останатите денови кои пејачот Ламбе Алабаковски, по судска одлука, наместо во притвор во затворот во Битола, ќе ги помине во домашен притвор, по денешната одлука на Основниот суд во Битола, по жалбата на неговиот адвокат. Со ова судот ја преиначил мерката притвор од осум дена, која му беше изречена пред два дена.

Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“ во Битола.ж

Алабакоски е поп-пејач кој во изминатите неколку години живееше во Соединетите Американски Држави. Пред неколку месеци се врати во Македонија со своето семејство, а вчера во Битола се одржа и протест, организиран од Левица, под мотото “Слобода за Ламбе“.

More from ВестиMore posts in Вести »