Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ – Битола го прослави својот 70 роденден (фотогалерија)

По повод 70 години од формирањето, јавното претпријатие „Пазари“ од Битола, денес го одеблежа денот кога е основано ова претријатие во Битола, а присуствуваа голем број гости, сегашни и поранешни вработени, поранешни раководители и дитектори, пазарџии и други лица кои со својот ангажман, низ годините придонесле во креирањето на успешната приказна на ова претпријатие.Директорката на претпријатието, Соња Карапашовска, во своето обраќање пред присутните, стави акцент и на значајните битолски историски приказни кои се сочувани во битолскиот пазар, при што рече:-Јавното претпријатие “Пазари“ во Битола е основано во 1952 година како претпријатие со самофинансирање. Јавното претпријатие Пазари Битола е локација каде граѓаните од 4 општини се насочени за продажба и за купување на земјоделски и други производи. Основна дејност е обезбедување на непречени услови за работа на клиентите, но исто така и обезбедување и подобрување на условите од својата дејност за граѓаните. Денес, претпријатието го слави роденден или 70 години од постоењето на Пазарот.Според анализите направени во неколку периоди во централното градско подрачје, односно маас пазар во пазарен ден фреквенцијата на граѓани достигнува и до 2.000 посетители во 1 ден. Со тоа вкупен број на посетители во пазарните денови односно граѓани и клиентите кои користат простор под закуп за продавање на производи достигнува над 2.500 граѓани додека во непазарни денови фреквенцијата на граѓаните кои гравитираат во централниот градски пазарен регион достигнува до 1.000 граѓани.Во сите годишни времиња може да се најдат многу земјоделски производи, различни видови овошје, зеленчук, млечни производи, цвеќиња, бижутерија и други видови продукти.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, по повод големиот јубилеј на претпријатието, испрати честитка, во која се вели:-Денес, одбележуваме еден многу значаен јубилеј за сите нас – 70 години од постоењето на Јавното претпријатие Пазари. Ова е единственото претпријатие во градот кое овозможува на едно место, да се соберат и производителите и продавачите и купувачите на храна и токму затоа, од година во година, мора да се осовременува, да ги издигнува хигиенските и функционалните стандарди, а на тој начин да гарантира сигурност и безбедност на производите кои се користат во секојдневието. Градскиот пазар во Битола е еден од најголемите во државта. Кога на тоа ќе се додаде и 70 годишно постоење, тој навистина заслужено го носи епитетот на градски белег, заедно со Старата битолска чаршија.

По повод роденденот на “Пазари“ на тезгаџиите кои најдолдо се присутни во пазарот им беа доделени благодарници, а како највозрасен продавач признание доби Јорданка Стојановска.Дел од денешниот настан, беше и хуманитарната акција, на која присутните имаа можност да ги вкусат сите производи на СЛОУ ФУД, а со тоа и да донираат во БАНКАТА ЗА ХРАНА, од каде, средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.Исто така во рамките на прославата беше огранизирана и кратка културно уметничка програма, која ја изведе КУД “Илинден“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »