“FILIPOV et al.“ е брендот кој 22 годишната работа во оваа бранша ја круниса со овој најсовремено опремен простор, кој ќе го води извонреден тим на експерти од областа на ветерината лоциран на ул. “Солунска“ бр. 202, во Битола.Ветеринарна клиника “Filipov et al.” е најдобриот и најопремениот ветеринарен тим кој ќе се грижи за вашите миленици. Во рамките на оваа ветеринарна клиника сместена е сопствена лабораторија за хематолошка и биохемиска анализа.Од ветеринарни услуги на листата се наоѓаат: ендоскопски преглед, ехо на абдомен, репродуктивен систем и срце, дијагностика на вирусни, паразитски, бактериски и габични заболувања.Овој стручен тим е специјализиран за хируршки интервенции на вашите миленици, нудат услуги за вештачко оплодување, кастрација (стерилизација), изработка на антибиограм, инхалациона анестезија со пациент мониторинг систем.На листата услуги можат да се најдат и отоскопски преглед, офталмолошки преглед, преврски, терапија (ампуларна подкожна, мускулна и интравенска), вакцинација, дехелминтизација, чипирање и издавање на пасош и уште многу други услуги.Тимот е составен од четири доктори по ветеринарна медицина, Зоран Филипов, Сашо Ѓоргиевски, Лорен Поповски и Филип Филипов.-Современата ветерина за мали животни влегува на голема во Битола. А вашите миленици заслужуваат врвна ветеринарна нега за безусловната љубов која ви ја подаруваат, истакна дипл. ветеринар Филип Филипов на отварањето на кое присуствуваа бројни гости, здружението за заштита на животните “Мали херои”, Фондацијата “Бибевски” , колеги од струката и се разбира сопственици на миленици.
Битола доби ветеринарна клиника со најсовремена опрема и голем тим на доктори по ветерина (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Хотел “Епинал“, Вашето омилено кафе место во градот
- За 30 години “Мотоцентар“ – подарок 10% cashback за секоја сметка
- Ново во Жан Митрев Дијагностик Битола, специјалистички ОРЛ прегледи
- Александар Тодосиев, управител на Smart Invest Group: Smart Invest Group претставува алтернативен и паметен начин на инвестирање и е запрв пат кај нас
- “Боди М“: време е за обновување