Press "Enter" to skip to content

За крај, полна сала, одлично навивање, “Битола мој роден крај“, “Ако одам во Битола“, аплауз за кошаркарите… (мега фотогалерија)

Како што одминуваше кошаркарската сезона и попуштање на мерките за заштита од корона вирусот, така и се зголемување посетеноста на кошаркарските натпревари во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“.Секако најголема заслуга за посетеноста имаа кошаркарите на Пелистер, предводени од тренерот Марјан Илиевски, кои најголем дел од сезоната беа на прво место и не знаеја за пораз.Финалите натпревари кои се играа во Битола донесоа и најголем број на публика, а дека пресметка со МЗТ ќе биде рекордна според бројот на публика, се најави на натпреварот за пласман во финалето против екипата на Еуро Никел, кога иако имаше публика само на една трибина атмосферата беше прекрасна.Потоа следуваа двата натпревари против МЗТ, во петокот кога Пелистер ја забележа и победата и се избори за втор натпревар јасно беше дека пеколната атмосфера во Битола ќе биде повторена, а публиката ќе биде рекордна.Вечерва се случи рекорд, а некои во салата рекоа дека сега на кошарка е како на ракомет, мислејќи на бројот на публика, а ако досега само ракометот ја полнеше салата, вечерва тоа го направи и кошарката.Двете трибини беа полни, со исклучок на делот за гостинските навивачи, а атмосферата која би ја посакал секој кошаркар, секој тренер, секоја управа, секој град.Навивачите, секако водени во навивањето од “Чкембарите“ му честитаа на победникот, на кошаркарите на Пелистер му се оддолжија со аплауз по завршувањето на натпреварот, а секако како и секогаш ја испеаја за крај химната на Битола, песната, “Битола мој роден крај,“ а потоа и “Ако одам во Битола“ и се поздравија со кошаркарите кои “ја завртија“ салата…Битолчани жалат само поради тоа што Пелистер го изгуби првото место и не се играа три натпревари во Битола, а како рекоа навивачите, МЗТ е подобар, но со три натпревари можеше се да се случи во Битола, со ваква публика и со ваква пеколна атмосфера.Но останува, како рече на крај, тренерот на Пелистер, Илиевски: лани бевме трети, годинава втори, зошто до година да не бидеме први…

Фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »