Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер вицешампион, поразен од МЗТ во Битола, за финални 3:1 за скопјани (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 102:93 (1:3)

Вечерва во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ пре околу 3.000 љубители на кошаркарката, рекорд за оваа сезона, се одигра 4. натпревар од финалната серија во која МЗТ Скопје Аеродром го победи Пелистер и со тоа ја освои шампионската титула за оваа сезона. МЗТ беше по трет пат подобар од Пелистер, победи со 93:102 и тоа беше одбрана на пехарот.Вечерашниот натпревар донесе големи возбудувања на паркетот, а имаше одлична атмосфера на трибините како и претходниот натпревар, но за жал овој пат “пелистерци“ не успеја да се изборат за мајсторка. Така на крај големиот пехар на кошаркарската федерација на Македонија беше во рацете на капитенот на МЗТ, Војдан Стојановски, што е за нив деветта титула.Првата четртина заврши само со поен предност за МЗТ, 28:29, а во втората четртина по само шест минути игра МЗТ имаше 38:45. По истекот на 20.минути од играта во Битола, резултатот беше +5 за скопјените, 51:56. Во овој период “пелистерци“ погодуваа од 6.75 метри, 4 од 5, но, загубија 11 топки.На стартот на третата четвртина по 2 минути игра МЗТ имаше 52:63, по потоа следуваше серија на Пелистер 13:2 за само -2, 63:65. МЗТ се одбрани од притисокот и четвртината ја затворија со 72:83. Последната четвртина “пелистерци“ подлегнаа на заморот кој се чуствуваше и МЗТ заслужено дојде до победа од 93:102.Најефикасен кај Пелистер Малешевиќ со 21, додека Кесар погоди 19 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »