Press "Enter" to skip to content

Денес-сабота Задушница (“Мртва Сабота“), утре-недела Духовден (Света Троица)

-Задушницата е за починатите, Духовден е роденденот на црквата.

-Во спомен на починатите, денес, православните верници ја одбележуваат Задушница, еден од најголемите христијански празници, а во Битола ги посетуваат Светонеделските гробишта, Буковските и Влашките гробишта.

-Утре, недела, е Духовден и се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение.Задушницата со празникот Духовден немаат никаква врска освен тоа што се поврзани календарски. Суштински, православно, задушницата е сосема нешто различно од празникот Духовден, кој е празник на светиот дух, а не на духовите или нешто слично.

Православните верници ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите, односно на овој ден сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите.

Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.

Наспроти обичаите на гробовите да се носи и раздава огромно количество храна, од Македонската православна црква апелираат дека смислата на овој ден  е во молитвата, а жртвата треба да се ограничи на варена пченица, вино и леб.   

Оваа Задушница уште се нарекува и Духовденска, но не поради душите на починатите туку поради празнувањето на Светиот дух, празници кои верниците честопати ги мешаат.Со симнувањето на на Светиот дух, токму според Христовото ветување, 50 дена по воскреснувањето, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден, туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница.  

Духовден е празник на црквата, роденден на црквата и во ни една смисла нема допирна точка со починатите. Токму затоа свештените лица апелираат дека местото на починатите треба да биде во сабота на денот на задушница а не во недела на Духовден“.

Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква и Духовден е денот кој се смета за роденден на православната црква.

Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во некои места се изведува и обичајот Скрсти со кој се моли за дожд и родна година.

More from ВестиMore posts in Вести »