Press "Enter" to skip to content

Каролина Гочева ќе го отвори годинашниот “Битфест“ во Хераклеја

На 19 јуни, во недела, во Битола започнува 14 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“.  Свеченото отворање на новото издание на БИТ ФЕСТ 2022, со нов концепт и многу културно – уметнички содржини започнува од Античкиот театар Хераклеја Линкестис, со концерт на еден од најдобрите македонски женски вокали, македонската поп дива, нашата битолчанка Каролина Гочева.

Билетите за концертот, по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба од вторник 14 јуни во Офицерскиот дом во Битола.

Оваа година, Општина Битола, посветува посебно внимание на поддршка и промоција на македонската културна сцена, традиционалните манифестации и содржини и висококвалитетните филмски, театарски  и други сценски уметности, кои ќе овозможат квалитетни културни настани и активен културен живот во Битола, за сите генерации, во текот на целото лето.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »