Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: ехо на желудник

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на желудник, за што вели:

-Желудникот претставува шуплив мускулест орган во кој храната се транспортира преку устата и  хранопроводор, каде се лачи хлороводородна киселина, пепсин потребни за нејзино обработка. Составен е од неколку дела cardia, fundus, corpus antrum i pilorus. Со ехо на абдоминалните органи се прикажува  антрумот на желудникот кој е составен како и останатиот дел  на желудникот од сероза, мускуларен дел, субмукоза и мукоза, варијациите во дебелината на ѕидот на желудникот над 7 мм во дијаметар можи да бидат високосуспекти за карцином на желудникот иако се чести се и при Кронова болест, гастити итн.За тоа кога е потребно да се направи гастроскопија како пософистицирана метода во морфолошкиот приказ на желудникот при што е возможно и изведување на биопсија, д-р Чипуровски вели:

-Примената на ултрасонографија на желудник во високоразвиените земји е задолжителна болничка постапка пред давање на анестезија во операционите сали со цел избегнување на аспирација на содржина и избегнување на аспирациона пнеумонија, во педијатриската оракса поретко кај возрасни и во процена на присуство на пилорна стеноза.