Press "Enter" to skip to content

Фото вест: кошаркарите со заеднички ручек се разделија, но се желби за поуспешна идна сезона

Денес за кошаркарите на Пелистер од Битола и официјално заврши оваа кошаркарска сезона, со заеднички ручек кој се одржа во ресторанот “Аурум“ во Битола.

На заедничкиот ручек беа сите кошаркари на Пелистер, стручниот штаб предводен од Марјан Илиевски, спортскиот директорот Мартин Јовановски и членот на Управата Кирил Димитровски.

Кошаркарите и Управата си посакаа добар одмор по напорната сезона, но и брзо видување, на првата прозивка во Битола, кога ќе ја започнат новата борба на три кошаркарски фронта, во домашното прввенство и на две меѓународни натпреварувања.

More from ВестиMore posts in Вести »