Press "Enter" to skip to content

Во Офицерски дом во Битола “Пијано фест 2022“

Во Офицерски дом во Битола се одржува четвртиот меѓународен натпревар по пијано “Пијано фест“ 2022, со учество на 80 кандидати од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а натпреварот го отвори Гоце Златев, исклучителен млад талент, со полурецитал.

Учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините пијано соло и пијано дуо, а распоредени се во 12 различни категории на возраст од 6 – 22 години. Оценувањето ќе го врши стручно жири во состав: Драгомир Братич од Србија, Кристина Петролари Ласо од Албанија, Дино Имери од Македонија и Лилјана Вукелија од Србија.

Натпреварот кој е во организација на здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, поддржан е од Општина Битола во соработка со ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.
More from КултураMore posts in Култура »