Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: и пред 10 години расправии за времените гаражи и дворот позади зградата “ЈАТ“

Деновиве сме сведоци на препукувања кај политичките партии, советниците, граѓаните за уредувањето на просторот зад зградата “ЈАТ“ која се наоѓа во центарот на Битола, а да не се осврнувам на тоа кој како и што рекол, бидејќи се беше објавено, со неколку реченици ќе се вратам 10 години наназад во 2012 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. 

-Станарите од улицата “ Борис Кидрич”, кои живеат во зградите на улицата “Борис Кидриќ“ сега “Димитар Илиевски – Мурато“, беа револтирани од тогашната идеја во нивното, како велеа, дворно место, да се гради катна гаража. Одржаа протест, поради тоа, што со изградбата на катната гаража во голема мера не само што ќе им се наруши мирот и ќе се загади околината, а потоа беше наведено дека немало провев, ќе била висока, ќе умреле од рак на бели дробови… вели Миновски.

-Незнам и ако немаше протести дали ќе се изградеше катната гаража и дали 600 возила дневно ќе се паркираа на таа локација, но, еве се повторува историјата. Сега кога треба да се расчисти тој простор и се расчистува повторно препукувања, а и тогаш како сега имаше обвинувања дека е вмешана политиката, дека има-нема законска регулатива, имало-немало ДУП, се сечеле дрвја, немало пристап…

More from ВестиMore posts in Вести »