Press "Enter" to skip to content

Преку Центарот за кариера алумни и доживотно учење на УКЛО, до платена работна пракса

Доколку сте заинтересирани да се стекнете со потребните квалификации за вашата прва работа, а не знаете од каде да започнете и кои вештини се потребни, тогаш Ве покануваме да бидете дел од online настанот на кој ќе можете да се запознаете за програмата на Германското здружение World University Service (WUS), кои во соработка со покраината Северна Рајна Вестфалија во Германија, ја поддржува студентската пракса во различни земји во светот преку проектот „Програма за транзиција на кариера“.

Ваквата програма преку Центарот за кариера алумни и доживотно учење, ќе се реализира и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, каде WUS Германија преку грантови, ќе ги поттикне студентите од прв и втор циклус на студии на усовршување на нивната кариера преку платена работна пракса.

Повеќе информации за програмата, можете да добиете на online инфо денот кој ќе се одржи на 14.06.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 ч.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк

Сите заинтересирани студенти кои сакаат да учествуваат на работната online средба можат да се пријавите на следниот линк:

https://tinyurl.com/fb-Live-career-transition