Press "Enter" to skip to content

Во Битола за три дена 3 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, активни 37 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022), направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 3.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од Битола се 9.

До сега во Битола има 15.719 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 37 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 10 до 12.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. 

Направени се во Битола  за три дена 39 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 14 и преку “Плодност“ 25.

Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.

More from ВестиMore posts in Вести »