Press "Enter" to skip to content

Денес асфалтирана “Брегалничка“, претходно “Штипска“, “Бранислав Нушиќ“ и “Христо Узунов“

Со денешното асфалтирање на улицата „Брегалничка“, општина Битола, ја завршува реализацијата на проектот за рехабилитација на коловоз на оваа улица, во должина од 523 метри.

На крајот на минатата недела, завршено е асфалтирањето и на улиците „Штипска“, „Бранислав Нушиќ“ и „Христо Узунов“, со што локалната самоуправа, од почетокот на градежната сезона, ги заврши предвидените инфраструктурни активности на 9 улици, кои се дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во општина Битола“, кој ќе биде комплетно реализиран до крајот на оваа година.