Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за физички напади и пронајдена стара артилериска граната

На 13.06.2022  во СВР Битола, Д.Р. од Битола пријавил дека на ул. „Панде Илковски” во Битола бил физички нападнат 26 годишно лице од село Средно Егри, битолско. Исто така, и Д.М. од Битола пријавил дека на ул.„Панде Илковски“ бил физички нападнат од истото лице при обид да го спречи нападот врз Д.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 12.06.2022 во СВР Битола, 46-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.06.2022 во СВР Битола, Џ.Ј. (56) од Битола пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор пронашол една неексплодирана артилериска граната со калибар од 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била  безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

More from ВестиMore posts in Вести »