Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира улицата во село Зовиќ која води до филмскиот мост и ресторанот “Кај мостот“

Извршено е асфалтирање на улица во најпознатото мариовско село, Зовиќ, во кое се наоѓа една од најголемите туристички атракции во регионот – камениот или како што е познат филмскиот мост, и ќе биде извршено асфалтирање на патна делница која води од с. Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен).

Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред се, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно го посетуваат Мариово и селото Зовиќ.  Двете инвестиции чинат околу 6 милиони денари обезбедени  од Министерството за локална самоуправа. 

Изградбата на оваа инфраструктура  ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3% од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи годишно.

More from ВестиMore posts in Вести »