Press "Enter" to skip to content

Две златни медали за средношколските екипи од Битола и златен медал во поеднинечна конкуренција на Балканијадата во Охрид (фото)

-Злато за машката ракометна екипа на Горната и женската во футсал на Академијата и за пинпонгарот Главевски, сребро за женската ракометна од Горната и за Нечова во шах.

На Балканските игри кои се одржуваат во Охрид битолските средношколците од Битола постигнаа одлични резултати во екипна и поединечна конкурениција, во силна конкуренција на 7 репрезентации Србија, Црна Гора, Албанија, Република Српска, Косово, Бугарија и домаќинот Македонија.Претседателот на Сојузот за училиштен спорт на Битола, Михајло Трампевски и член на Организациониот одбор на ФУСМАК, не инфомира дека битолските средношколци освоиле две златни медали во екипна конкуренција, една златна во поединечна, сребрена во екипна, и сребрена во поединечна.-Женската екипа  на Фудбалската академија од Општина Битола го освои првото место во Футсал во конкуренција на 7 репрезентации.-Машката ракометна екипа на Гимназијата “Ј.Б.Тито“ од Општина Битола го освои првото место во Ракомет во конкуренција на 7 репрезентации.

-Даниел Зхоу Главевски го освои 1. место во пинг-понг.-Ана Марија Нечова во шах го освои 2. место.

-Женската екипа на Гимназијата “Ј.Б.Тито“ во ракомет второто место.

More from ВестиMore posts in Вести »