Press "Enter" to skip to content

Филип Миленковски се врати во Пелистер, продолжени договорите со Маневски, Љамчевски, Трајковски и Трајчевски

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжи со екипирање на тимот за наредната сезона, а нов член на Пелистер е уште еден фудбалер од Битола. Тое е Филип Миленковски кој доаѓа од  Брегалница и со своето долгогодишно прволигашко искуство многу ќе придонесе за брзо враќање во Првата лига.

Денес Управата на Пелистер ги продолжи договорите со Борче Маневски, Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски кој и до сега ги бранеа боите на клубот, и остануваат лојални на матичниот клуб.

More from ВестиMore posts in Вести »