Press "Enter" to skip to content

Фото вест: трасирана улицата зад стадионот, калта и непроодоноста ќе бидат минато

Деновиве завршуваат градежните работи околу новата улица која се наоѓа зад стадионот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе во Битола.

Новата улица која треба да ги поврзува новите улиците во Старата касарна во Битола и “Македонска фаланга“ поранешна “Иво Лола Ривар“, ќе го олесни движењето на битолчани од овој ден на Битола кон излезот од Битола кон Грција.

Улицата е во завршна фаза, поставени се однодните канали, троаторите и е тампонирана во најголем дел, а претходно беше реконтруиран и обезбеден калналот под Тумбекафе. Останува уште да се асфалтира улицата и калта и непреодоноста во дождливи денови да бидат минато.

More from ВестиMore posts in Вести »