Press "Enter" to skip to content

Девито вечер на ракометно, започнува летната концертна сезона во Битола

Вечер на ракометното игралиште во Битола ќе гостува еден од најактуелните артисти во моментов, Девито, а ќе го одржи својот прв концерт во нашиот град.

Концертот на мистериозниот пејач, чиј заштитен знак е маската е вистинска атракција особено кај помладите, па според продажбата се очекува масовна посетеност, а концертот е во организација на “Сцена продукција“.

Оние кои се уште не ги купиле своите влезници, тоа можат да го направат на mktickets.mk или пред самиот концерт.