Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера кривична пријава за дилер и апсење на дилер, претходно серија апсења

СВР Битола до ОЈО поднесе кривична пријава по чл.215 од КЗ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пиштање во  промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и  нивни прекурсори против 33 годишник од Битола.  Имено на 14.06.2022 на ул. “Павел Шатев“ во Битола при преглед од страна на  полициски службеници од СВР Битола кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Истите го лишиле од слобода ,поднесена е кривична пријава при што од страна на судија на предходна пстапка  одреден му е притвор во траење до 30 дена.  

На 15.06.2022 околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул. “Новачки Пат“, полициски службеници од СВР Битола – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода 42  и 33 годишник двајцата од Битола. Тие биле затекнати додека препродаваат кокаин и марихуана и притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така во тековниот месец од страна на полициски службеници од СВР Битола на повеќе локации низ Битола беа извршени прегледи и пронајдени наркотични дроги ,психотропни супстанци и  нивни прекурсори ,лицата се лишени од лобода и по целосно документирање на анстаните против истите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Така на 31.05.2022 на ул. Филип Втори Македонски, Битола,  од полициски службеници од ПС ОН Битола во врска со чл.215 од КЗ на РСМ лишен од слобода беше лице од Битола каде кај истиот пронајдено и одземено бешеедно полиетиленско пакување со прашкаста материја.

На 02.06.2022 на ул. “Кочо Рацин“ од полициски службеници од ПС ОН Битола во врска со чл.215 од КЗ на РСМ лишен  од слобода било лице од Битола при што пронајдени и одземени беа четири полиетиленски паковки марихуана како и две дигитални ваги.

На 05.06.2022 на ул. “Павел Шатев“, Битола од полициски службеници од ПС ОН Битола во врска со чл. 215 од КЗ на РСМ лишени од слобода беа две лица од од Битола  каде што при преглед над истите пронајдено и одземено беше едно полиетиленско пакување со прашкаста материја.

На 05.06.2022 на ул. “Лавчански Пат“, Битола од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Битола во врска со чл. 215 од КЗ лишени од слобода беа лице од Битола и лице од Ресен. Кај истите пронајдена и одземена беше една полиетиленска опаковка во внатрешноста со грутчеста материја.

На 06.06.2022  на ул. “Довлеџик“ во Битола при преглед над лице од Битола одземени беа најлонска паковка со  грутчеста материја и 17 таблетки.

На 11.06.2022  на паркингот на “Пелгонка 2“ во Битола од страна на полициски службеници од ПС од ОН Битола поради основи на сомнение за сторено КД по чл.215 од КЗ лишени  од слобода беа две малолетни лица од Битола и село Буково, битолско затоа што при преглед над истите беше пронајдено и одземено две полиетиленски кеси со марихуана рачна изработена цигара со растителна материја.

More from ВестиMore posts in Вести »