Вечер на ракометното игралиште во Битола ќе гостува еден од најактуелните артисти во моментов, Девито, а ќе го одржи својот прв концерт во нашиот град.
Концертот на мистериозниот пејач, чиј заштитен знак е маската е вистинска атракција особено кај помладите, па според продажбата се очекува масовна посетеност, а концертот е во организација на “Сцена продукција“.
Оние кои се уште не ги купиле своите влезници, тоа можат да го направат на mktickets.mk или пред самиот концерт.