Press "Enter" to skip to content

“Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ со 250 натпреварувачи, најинтересна трката на 104 километри низ Пелистер, стартот утревечер во Битола (фото) 

Веќе се завршени и официјалните регистрации за планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, а директорот на оваа супер интересна трка, Ненад Лазиќ вели дека се е подготвено и трката може да започне секој момент, а Битола ќе има ретка прилика да биде дел од светските трки кои имаат одличен рејтинг.  

Денес прес-конференција оджаа лицата кои се најзаслужни за организација и одржување на оваа трка, и двајца натреварувачи, а директорот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, Ненад Лазиќ рече:-Од минатата година започнаа подготовките за овој уникатен “ивент“ кој не се одржа минатата година поради ковид пандемијата и пожарите. Оваа година, можам слободно да кажам дека овој “ивент“ е подтотвен до перфекција. Сега тоа ќе биде настан кој ќе ја собере тркачката популација не само во Битола, туку и цела државата. Ова го правиме и заради тоа тркачите да не патуваат во странство да се натпреваруваат туку тоа да биде тука, на Пелистер, во Битола, на трка која е беспекорно организирана. Сакаме ова трка да биде на лидер на Балканот во планинско трчање на Балканот, со патека која ќе биде пред се безбедна за сите. Ќе има тркачи од 20 држави, што нас не изненади и е големо признание како организатори.  Патеката е одлично подготвена, а посебно за ноќно трчање, што е посебен ризик и бара многу подготовка. Би додал дека трката може да почне секој момент.

Организационот директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, Зоран Алексовки, на пресот рече:-Идејата е на Ненад, а ние заедно со него ги започнавме подготовките, за мапирање, чистење на патеката, а сега веќе е завршено и пријавувањето за трите трки, на 104, 47 и 20 километри каде има и најголем број на пријавени. За сите натпреварувачи се е поготвено, ќе имаат суплементи, храна, пијалоци, а сето тоа веќе е однесено на окрепителните пунктови низ Пелистер, иако на некои места се уште има снег. Исто така сите технички потреби се веќе поставени, а трката ќе ја опслужуваа 130 волонтери, кои сами се пријавија. Тие ќе бидат координирани од Петар Нолев и неговата екипа. Очекуваме и голем број на посетители, на стартот и по патеките, како и на целта.

Златко Димитровски, технички директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, рече:-Организацијата на ваква трка не е мала работа, а претходно ние како тим бевме на повеќе трки нив Балканот и Европа и направивме трка со висинска разлика од 6.300 метри, а оваа е најтешка трка на Балканот, со врвни тркачи. Исчистени се повеќе планинарски патеки кои ќе ги користат сите планинари, во вкупна должина од 60-тина километри. Се водеше и сметка за користење на еколошки материјали кои нема да ја загадат планината, а маркацијата е со еко-спрејови, кои ќе исчезнат по определено време. На крај сакам да кажам дека макотрпната работа од 6 месеци ќе се исплати и ќе ги добиеме највисоките оценки.

Елмир Хоџиќ, од Хрватска е еден од фаворитите на главната трка од 104 километри, а за очекувањата од трката рече:-Сакам прво да му се заблагодарам на Ненад и екипата која го организира овој настан. Секоја трка е нешто ново, прво да се претставам самиот како тркач, и нормално мојата земја. Очекувам тешка трка на 104 километри со над 6.000 метри висинска разлика. Ова трка е сигурно во топ-светските трки, а тоа е респектабилно за организаторите и за тркачите. Мислам дека ќе ја оправдам поканата. Инаку трчам на 104, 120 километри и секакви други трки, а сум победувал на многу трки. Дојдов синоќа и не ја знам петеката.

Еден од битолчаните кои ќе трча на 104 километри е Мартин Митревски, кој рече:-Голем предизвик ми е трката, а посебно висинската разлика, на еден од најтешкиот терен кај нас. Тренирам две и пол години на Пелистер и ми чест и задоволство да трчам на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“. Предизвик ми се големите дистанци, а за мене ќе биде голем предизвик, прво да ја истрчам патеката, како новајлија во овој спорт. Имам исртчано 90 километри, 60 километри и по невреме. Посебен предизвик ќе ми претставува ноќното трчање кон Неолица, од каде има одличен поглед на Битола и Пелагонија.-Идеа која пополека тлееше на некој начин и чекаше да му дојди денот да се реализира. Идеја со цел да се направи барем малку промоција на нашиот, Пелистер и Битола, идеја која пополека си го наоѓа своето место и препознатливост, беше речено на пресот.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »